Европски прашања

Тематскиот приоритет за европски прашања опфаќа повеќе проекти каде преку длабинско истражување на економските и политичките промени, како и трендовите на перцепцијата и стереотипите во контекст на пристапувањето во ЕУ, а институтот има виталната улога во поттикнувањето на дебатата и развојот на алатки за поддршка на пристапувањето во ЕУ.

Спроведуваме истражувања кои ги одредуваат промените, усогласувањето со конкретните политики на ЕУ, а овозможуваат и учество на јавноста во креирањето политики и во пристапните преговори. Изготвуваме документи за јавни политики, извештаи, документи за брифинзи приспособени на потребите на различна публика.

Организираме јавни настани и приватни брифинзи за да ги направиме нашите наоди што е можно подостапни и да обезбедиме информациите до кои доаѓаме допираат до граѓаните и креаторите на политиките на кои им се најпотребни.

Проекти

Публикации