Мислиме и работиме заедно

Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Шпанија го доживеаја својот врв на 31ви јули2022 година, кога шпанскиот премиер Педро Санчез Перез – Кастехон ја посети Северна Македонија и се сретна со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски. Тоа беше прва посета на шпански премиер на Северна Македонија, од нејзината независност во 1991 година.

Посетата претставува пресвртница во односите меѓу двете држави. Во последните три децении билатералната соработка е прилично слаба, додека економските односи се ограничени и не го искористуваат нивниот потенцијал. Во однос на нејзиното политичко присуство, Шпанија е генерално отсутна од Југоисточна Европа во последните три децении, вклучително и од Северна Македонија.

Мислиме и работиме заедно е документ за политика со препораки за развој на партнерството и зголемување на опсегот на соработката помеѓу Северна Македонија и Шпанија.