Стратешки одговор

Стратешки одговор, претставува анализа на препораките на Европската комисија за следните реформски чекори за Северна Македонија искажани во годишните извештаи од периодот 2019 до 2022 година, како и анализа на кохерентноста на реформите со препораките, но и со Зелената агенда за Западен Балкан и целите за одржлив развој на Обединетите нации. За потребите на извештајот земени се предвид 3 поглавја (Транспортна политика; Енергија; и Животна средина и климатски промени) од кластерот 4 – Зелена агенда и одржливо поврзување, утврдените приоритети во НПАА од 2022, како и програмираните проекти во рамките на ИПА-2 и ИПА-3, односно во Економскиот и инвестициски план. На крајот, наодите се разгледувани низ призмата на целите за одржлив развој на Обединетите нации, а понудени се и препораки за подобрување на кохерентноста на стратешкиот одговор од Владата и забрзување на пристапните преговори.

За да го преземете извештајот на македонски јазик, искористете го овој линк: Стратешки одговор.