#IIO Podcast 005

Поткаст 5 на Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите.

Опсерваторијата за влијание и имиџ е постојан проект на Институтот ПРЕСПА кој припаѓа на тематската област „Надворешна политика и меѓународни односи“. Проектот е активен од 2020 година и вклучува две компоненти:

  • Индекс за меѓународно присуство е синтетички индекс, кој го подредува, квантифицира и агрегира присуството на различни држави во Северна Македонија. Притоа, Индексот одговара на следното истражувачко прашање: колку и во каква форма се присутни државите во границите на Северна Македонија?
  • Имиџ опсерваторијата е истражувачка алатка која ги следи и мери јавното мислење, ставовите и стереотипите за целите и средствата на надворешната политика, како и за моделите на економска, политичка и културна размена помеѓу Северна Македонија и другите држави.

Во овој поткаст зборуваме за наодите од Имиџ опсерваторија 2023, која беше спроведена во рамките на проектот НЕКСУС МК, финансиски поддржан од Меѓународниот републикански институт од Вашингтон. Разговараме со Ивана Јордановска, постара надворешна соработничка и истражувачка во Институтот.