Публикации

“Десет + едно” важни прашања за Руската инвазија

Оваа анализа претставува здружен обид на членките на Работната група на експертки за надворешна и безбедносна политика и извршниот директор на Институтот ПРЕСПА да одговорат на десет плус едно важни прашања поврзани со руската инвазија на Украина и ефектот врз Европа, но и врз Северна Македонија.
За да ја преземете и да ја прочитате анализата на македонски јазик, следете го овој линк: УкраинаМК

Двојна трансформација на Северна Македонија

Двојна трансформација на Северна Македонија е извештај од истражувањето на направено во рамките на проктот „ЕУ опсерваторија – Поглавје 27“ во кој се појаснува зелената рамка која ги вклучува Зелениот договор на Европската Унија, Зелената агенда за Западен Балкан, Економскиот и инвестициски план и Регулативата за ИПА-3. Истражувањето ја анализира зелената рамка, а прави и мапирање на утврдените фондови за нивна реализација, како и програмираните проекти од кои корист ќе има државата. Дополнително, истражувањето ги мапира и утврдените обврски кои ги преземала Владата за учество во финансирањето на проектите. Конечно, во извештајот се дава преглед на поглавјето 27 – Животна средина и климатска акција и утврдените главни 72 правни акти со кои ќе треба да се хармонизираме во процесот на пристапување во ЕУ.
За да го преземете извештајот користете го следниот линк: ДвојнаТрансформација.

Инструмент за претпристапна помош – ИПА-3

Инструмент за претпристапна помош – ИПА-3 е брифинг материјал за подобро разбирање инструментот и финансиската рамка за поддршка на пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија. Со материјалот се одговараат не колку клучни прашања за инструментот, а се идентификувани и прозорците во кои се планира помошта, како и веќе утврдените проекти. Дополнително, материјалот нуди информација за ветеното национално учество од страна на Владата со што треба да се олесни следењето на нивната имплементација.
За да го преземете материјалот користете го следниот линк: БрифингИПА-3

Економски и инвестициски план за Западен Балкан

Економски и инвестициски план за Западен Балкан е брифинг материјал за подобро разбирање економскиот и инвестицискиот план за поддршка на Западниот Балкан и спроведувањето на Зелената агенда. Со материјалот се одговараат не колку клучни прашања за планот, а се идентификувани и клучните иницијативи во кои се планираат средствата обезбедени како инвестиции и грантови, како и веќе утврдените проекти. Дополнително, материјалот нуди информација за ветеното национално учество од страна на Владата со што треба да се олесни следењето на нивната имплементација, а го претставува и најголемиот проект.
За да го преземете материјалот користете го следниот линк: БрифингЕИП

Поглавје 27

Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени е брифинг материјал за подобро разбирање и идентификување подрчјата во поглавјет, како и на усвоените правни акти во секое од подрачјата, а со Северна Македонија ќе треба да се усогласи во процесот на пристапување во Европската Унија.
За да го преземете материјалот користете го следниот линк: Брифинг27

Двојна зелена рамка

Двојната зелена рамка е брифинг материјал за подобро разбирање на Зелениот договор и Зелената агенда за Западниот Балкан и нивните приоритети, области и активности. Со материјалот се одговараат не колку клучни прашања за обата документи, а се идентификува и целата финансиска конструкција потребна или ставена на располагање за остварувањето на утврдените цели.
За да го преземете материјалот користете го следниот линк: БрифингЗелено

АЛЕКСАНДРОПОЛИС – ГАСИФИКАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Александрополис – Гасификација на Северна Македонија“ е истражување за пазарните состојби и потенцијали кои гасификацијата на Северна Македонија може да ги има во иднина, како и можните геополитички влијанија од негово воведување. Автор на истражувањето се Јована Петковска, помлад истражувач и специјалист за комуникација, Дарко Ѓорѓиоски асистент истражувач во институтот.

За да го превземете извештајот искористете го следниот линк: АЛЕКСАНДРОПОЛИС.

НЕИСКОРИСТЕНА ЕКСПЕРТИЗА

НЕИСКОРИСТЕНА ЕКСПЕРТИЗА“ е студија која го следи и анализира учеството на жените во политичките дебатни ТВ емисии. Авторки на истражувањето се м-р Ивана Јордановска, надворешна соработничка и постара истражувачка и Зорана Антовска, истражувачка практикантка во институтот.

За да ја преземете студијата искористете го следниот линк: НЕИСКОРИСТЕНА ЕКСПЕРТИЗА.

Имиџ и реалност – Северна Македонија 2020

„Имиџ и реалност – Северна Македонија 2020“ е извештај од истражувањето за имиџот на Северна Македонија кое ја анализира нормативната рамка за политиките и процесите во однос на политичкиот критериум и поглавјето 23 – Правосудство и темелни права.

Автори на анализата се Лепосава Огњаноска, надворешна соработничка и постара истражувачка од Институт ПРЕСПА, Симона Трајковска и Андреја Стојковски, постар истражувач и извршен директор во Институт ПРЕСПА.

Целиот извештај можете да го преземете на следниот линк: Image&Reality.

ПАТОКАЗ ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА

Патоказ за Европската Унија“ е документ за јавна политика кој ги анализира преговарите за пристап кон Европската Унија од страна на Република Северна Македонија.

Автор на извештајот е Андреја Стојковски, постар истражувач и извршен директор во Институтот ПРЕСПА, а произлегува од соработката со Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Целиот документ можете да го погледнете и превземете на следниов линк: Roadmap for the EU