#СевернаМакедонија2023 – Епизода 2

Поткаст серијалот „Северна Македонија во 2023 година“ на Институтот ПРЕСПА е нашиот придонес за анализа на годината во која влегуваме, предизвиците и можностите со кои државата ќе се соочи во областите во кои Институтот е активен. Во оваа епизода зборуваме на темата Интереси, соработка и безбедност за човекот, а ќе ги разгледуваме и специфичните прашања за:

  • колку надворешната политика им служи на економските интереси на државата;
  • како соработката и сојузништвото да придонесат кон посакуваниот/очекуваниот економски развој;
  • човековата безбедност наспроти државната безбедност и како до неа;
  • од активност во меѓународната политика до активна во меѓународна политика;
  • местото на поединецот во светскиот поредок.

Во оваа епизода од серијалот гостин говорник е министерот за надворешни работи, д-р Бујар Османи. Оваа 2023 година, министерот Османи, во името на Северна Македонија е претседавач со ОБСЕ и претседавач со Јадранската повелба.

Со министерот Османи во панелот ќе разговара и Весна Шапкоски, докторантка на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола и членка на Работната група на експертки за надворешна и безбедносна политика при Институтот ПРЕСПА од Скопје.