PRESPA #PoliticalReport 001

Политичкиот извештај на ПРЕСПА или PRESPA Political Report претставува проектен потфат во кој Институтот ПРЕСПА соработува со Блинк Маркетинг и Медиа и притоа собира и анализира лонгитудинални податоци за изборите, податоци за јавниот дискурс и сентиментот кај граѓаните, како и податоци за изборните перформанси на политичките партии, односно податоци од квантитативни истражувања за расположението на граѓаните и намерата за нивно учество на изборите. Преку PRESPA Political Report се изготвува компјутерски модел за следење на изборите, нарушувања на изборниот процес и однесување на гласачите. Главната цел на моделот е да утврдува недостатоци и злоупотреба на изборниот процес, а за потребите на тоа да го направиме проектот поинтересен и да придонесеме кон следењето на изборите, го претставивме и ЕлектоМетар како еден тип на контролна табла која ја претставува основната и овозможува натамошна анализа.

Ова е поткаст 1 од PRESPA Political Report, во кој разговараме со Демијан Хаџи-Ангелковски, надворешен соработник и истражувач во институтот и управител на Блинк.