#DiplomaticRoux 004

ДИПЛОМАТСКА ЗАПРШКА (Diplomatic Roux), е серијал поткасти на Институтот ПРЕСПА, продуциран во рамките на проектот Неискористена експертиза (Untapped Expertise) кој институтот го спроведува низ финансиско партнерство со Амбасадата на Канада во Република Северна Македонија и Канадскиот фонд за локални иницијативи. Поткастот има за цел да придонесе кон промоција на концептот на феминистичка надворешна политика, разјаснување на разликите помеѓу феминистичката надворешна политика и родовата еднаквост, односно помеѓу феминистичка надворешна политика и учество на жени во дипломатијата. Дополнително, поткастот дава придонес кон подобрување на перцепцијата на јавноста за женската експертиза во областа.

Во серијалот поткасти зборуваме со членките на работната група за феминистичка надворешна политика, учесниците во програмата за менторирање спроведена во рамките на проектот, како и со други соговорнички, а во денешната епизода 004 од серијалот зборуваме со д-р Марина Андева – професорка на Универзитет Американ колеџ – Скопје, постара надворешна соработничка и истражувачка во Институтот и членка на работната група за феминистичка надворешна и безбедносна политика.