#Climate Podcast 004

Поткаст 4 од серијалот КЛИМА на Институтот ПРЕСПА.

Поткастот е изработен ворамките на проектот Климатски мејнстриминг за праведна транзиција кој е финансиски поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија. Проектот има за цел да придонесе за хармонизацијата со Зелената агенда на Европската Унија, како и кон пристапувањето на Северна Македонија во Унијата. Притоа, преку проектот

  • го следиме правилното финансиско управување и имплементацијата на зелените фондови,
  • нудиме препораки за подобрување на конзистентноста на приоритетите за финансирање и законска хармонизација
  • со други зборови придонесуваме за подобрување на усогласеноста на Северна Македонија со целите за одржлив развој.

Денес зборуваме со Мирсат Есати, експерт за поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени и Инструментот за претпристапна помош.