#CARGrow Talks 2 – Episode 6

Континуитет на реформите, или како тие да ги преживеат политичките промени?

Добредојдовте во CARGrow 2.0 – Како навистина функционираат реформите. Ова е шестата епизода од втората сезона на серијалот поткасти за Планот за пораст и Реформската агенда. Серијалот е дел од проектот Граѓанска алијанса за реформи и пораст кој го спроведува Институтот ПРЕСПА со финансиска поддршка на Одделот за надворешни работи од Владата на Република Ирска. Денес продолжуваме натаму со: анализа на процесите, успехот на реформите, каде и како понатаму, а ќе зборуваме со д-р Ненад Марковиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.