#CARGrow Talks 2 – Episode 5

Државни службеници, граѓанско општество и конструктивна отчетност

Добредојдовте во CARGrow 2.0 – Како навистина функционираат реформите. Ова е петтата епизода од втората сезона на серијалот поткасти за Планот за пораст и Реформската агенда. Серијалот е дел од проектот Граѓанска алијанса за реформи и пораст кој го спроведува Институтот ПРЕСПА со финансиска поддршка на Одделот за надворешни работи од Владата на Република Ирска. Денес продолжуваме натаму со: дискусија за тоа кадезапочнува критиката, а завршува мониторингот, што е тоа што ги демотивира институциите да одговорат и го чува балансот помеѓу страните, а ќе зборуваме со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени од Тетово.