#CARGrow Talks 2 – Episode 4 

Комуникација, доверба и замор од реформи

Добредојдовте во CARGrow 2.0 – Како навистина функционираат реформите. Ова е четвртата епизода од втората сезона на серијалот поткасти за Планот за пораст и Реформската агенда. Серијалот е дел од проектот Граѓанска алијанса за реформи и пораст кој го спроведува Институтот ПРЕСПА со финансиска поддршка на Одделот за надворешни работи од Владата на Република Ирска. Денес продолжуваме натаму со: анализа на реформите, зошто реформите се далечни за јавноста и како таа подобро да ги препознае, а ќе зборуваме со Бојан Кордалов, извршен директор на Европскиот центар за извонредност во Брисел.