#CARGrow Talks 2 – Episode 3 

Закони на хартија, практика на терен: зошто имплементацијата доцни?

Добредојдовте во CARGrow 2.0 – Како навистина функционираат реформите. Ова е третата епизода од втората сезона на серијалот поткасти за Планот за пораст и Реформската агенда. Серијалот е дел од проектот Граѓанска алијанса за реформи и пораст кој го спроведува Институтот ПРЕСПА со финансиска поддршка на Одделот за надворешни работи од Владата на Република Ирска. Денес продолжуваме натаму со: анализа на реформите,законите и нивната примена, што значи тоа реформите да постојат на хартија, но не и во практиката, а ќе зборуваме со д-р Неда Здравева, редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан први“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.