Капацитет, координација и преоптовареност на институциите
Добредојдовте во CARGrow 2.0 – Како навистина функционираат реформите. Ова е втората епизода од втората сезона на серијалот поткасти за Планот за пораст и Реформската агенда. Серијалот е дел од проектот Граѓанска алијанса за реформи и пораст кој го спроведува Институтот ПРЕСПА со финансиска поддршка на Одделот за надворешни работи од Владата на Република Ирска. Денес продолжуваме натаму со: дискусија за реформите во капацитетот на институциите, што значи немањето на капацитет и како реформите се губат, а ќе зборуваме со Христина Конеска-Бероска, државна советничка во Министерството за европски прашања.