#CARGrow Talks 2 – Episode 1

Од политичка одлука до институционална акција: како започнуваат реформите?

Добредојдовте во CARGrow 2.0 – Како навистина функционираат реформите. Ова е првата епизода од втората сезона на серијалот поткасти за Планот за пораст и Реформската агенда. Серијалот е дел од проектот Граѓанска алијанса за реформи и пораст кој го спроведува Институтот ПРЕСПА со финансиска поддршка на Одделот за надворешни работи од Владата на РепубликаИрска. Денес почнуваме од почетокот: што се случува откако една реформа ќе биде усвоена и како таа станува институционална реалност, а ќе зборуваме со Фикрија Таир Селмани, истражувачка во Институтот за европски политики од Скопје.