INTERNATIONAL IMPACT INDEX (3I Index)

Институтот Преспа во моментов го спроведува нашиот прв истражувачки проект, INTERNATIONAL IMPACT INDEX или 3I Index, финансиран од УСАИД преку нивната Иницијатива за Поддршка во Северна Македонија (North Macedonia Support Initiative).

Институтот Преспа во моментов го спроведува нашиот прв истражувачки проект, INTERNATIONAL IMPACT INDEX или 3I Index, финансиран од УСАИД преку нивната Иницијатива за Поддршка во Северна Македонија (North Macedonia Support Initiative).

3I Index е конципиран како синтетички индекс кој ги подредува, квантифицира, и ја утврдува проекцијата на различни држави во Северна Македонија. Индексот ќе се пресметува врз основа на објективни и јавно достапни податоци. Неговата цел нема да биде да утврди како една држава е перцепирана од македонската јавност, туку да ја утврди ефективната проекција на различни држави без оглед на нивниот углед или имиџ. Индексот ќе ги мери и квантитативните аспекти на присуството на една земја и нејзината квалитативна природа.

Извештајот за 3I Index ќе ги концепира Глобализацијата  и европеиацијата и ќе придонесе во подобро разбирање на надворешната политика. Одтука, една од функциите на Индексот е да ги анализира трендовите на присуство, пораст или пад на земјите како и поголема или помала важност на различните видови на присуство. Присуството е поделено во три димезнии: еконосмко, политичко и меко односно културно присуство кои понатаму се составени од варијабли од различна природа.

Преку извештајот за 3I Index, ПРЕСПА Институт ќе се обиде да одговри на прашањето: во која мерка и во која форма се државите „присутни“, на територијата на Северна Македонија, без оглед дали тие вршат вистинско влијание или пак демонстрираат моќ?  

Присуството ќе се мери на годишно ниво, а наодите ќе бидат објавени во извештај и визуелизирани на веб-платформа.