Марина Андева

членка на работната група

Д-р Марина Андева е Генерален Секретар на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) и Вонреден професор на Факултетот за политички науки при истоимениот универзитет. Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 2006 година и се стекнала со академското звање дипломиран правник. Магистерскиот труд го одбранила во 2008 година на англиски јазик на тема: „Имиграционо право: правната рамка на ЕУ и националното законодавство на две одбрани земји-членки (Италија и Германија)“, на Универзитетот Трст во Италија, при што се стекнала со академски степен магистер на науки од областа на европски институции и политики. Докторската дисертација ја одбранила во 2012 година на Универзитетот Трст, Италија на англиски јазик на тема „Заштита на малцинските права во мултиетнички погранични региони – анализа на студии на случај“. Д-р Марина Андева се стекнала со академскиот научен степен доктор на политички науки во 2012 година.

Од април 2009 година се вработува како истражувач и проектен менаџер во Меѓународниот институт за социологија во Гориција, Италија. Во нејзиното работно искуство се вбројуваат и неколку кратки работни ангажмани; имено била ангажирана како придружен истражувач во Македонскиот центар за европско образование и во Центарот за истражување и креирање политики во Скопје, како онлајн волонтер на Oбединети Нации, практикант во Секторот за дипломатска едукација при Министерство за надворешни работи на Република Mакедонија и Секторот за поддршка на преговорите за пристапување на Република Македонија во Европската унија, Секретаријат за европски прашања при Влада на Република Македонија, како и две години практикант во адвокатска канцеларија и практикант во Основниот суд Скопје I.

Во 2015 година е избрана за доцент на Факултетот за политички науки при УАКС а во 2020 е избрана за вонреден професор. Предава предмети од областа на политичките науки меѓу кои: Вовед во политика, Меѓународни Организации, Миграции и бегалци, Структури и институции на ЕУ.

Има долгогодишно работно искуство како истражувач и проектен менаџер/координатор во повеќе меѓународни проекти финансирани од Евроската Унија (почнувајќи од 2009 година). Д-р Андева има организирано и учествувано на многубројни меѓународни конференции во земјата и пошироко, и во својата научна кариера досега има објавено повеќе трудови, делови од книги, стручни и научни трудови како и анализи на политики во повеќе области и тоа: малцински права, миграции и прекугранична соранотка.

Д-р Андева има одлично познавање на англиски и италијански јазик на ниво на употреба на истите во секојдневна усна и писмена комуникација, како и базично познавање на шпански јазик.