Зорана Антовска

асистентка истражувачка

Завршила дипломски студии на Политичките студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје. Во моментов посетува последипломски магистерски студии на истиот институт, каде специјализира меѓународни односи, европски интеграции и дипломатија.

Своето работно искуство го започнува како асистент истражувач токму во Институтот ПРЕСПА, кој го смета како своја матична организација. Соработувала како асистент истражувач и со Меѓународниот академски институт, Центарот за еколошка демократија Флорозон, Европската мрежа на млади демократи и други.

Пишувала колумни за Институтот за човекови права и Институтот за комуникациски студии, а нејзиниот истражувачки интерес се меѓународните односи, дипломатијата, родовата еднаквост, климатските промени и енергетската транзиција

Зорана е асистентка истражувачка во Институт ПРЕСПА од април 2021 година.