Весна Попоска

постара надворешна соработничка и истражувачка, членка на работната група на експертки за надворешна и безбедносна политика

Завршила формално образование од областа на правните науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје каде подоцна магистрирала на катедрата за меѓународно право и меѓународни односи.  Докторските студии ги реализирала на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје каде одбранила докторската дисератција под наслов „Меѓународно-правни аспекти за заштита на критичната инфраструктура од современите безбедносни закани“. До денес, таа е единсвената жена која се стекнала со титулата „доктор на науки“ на Академијата.

Професионално е ангажирана на Меѓународен Универзитет Визион каде од 2021 ја узвршува функцијата деканка на правниот факултет.

Нејзиниот истражувачки интерес го вклучуваат: меѓународно право, како и надворешна и безбедносна политика.

Била активна во граѓанскиот сектор во различни подрачја како што се демократија, човекови права, владеење на правото и родова еднаквост, а била ангажирана како консултантка, обучувачка, фасилитаторка и истражувачка за различни проектни активности, меѓу кои и проекти на НАТО програмата за мир преку наука и јавна дипломатија. Авторка е на триесетина научни и стручни трудови објавени во земјата и странство.

Алумни е на Школата за политика на Советот на Европа, Политичката акдемија за социјална демократија, Регионалната школа за јавни политики поддржана од Националниот демократски институт, програмата за млади лидери од Западен Балкан на Варшавскиот безбедносен форум, како и младата академска мрежа на Фондацијата за европски прогресивни студии со седиште во Брисел.

Весна е постара надворешна соработничка и истражувачка во Институт ПРЕСПА од март 2023 година.