Мартин Нацевски

надворешен соработник и истражувач

Дипломирал на Универзитетот ФОН во Скопје, а потоа како дел од меѓународна програма за двојна диплома на Правниот факултет „Јустинијан први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот во Стразбур магистрирал право на интелектуална сопственост. Во 2020 година го положил правосудниот испит.

Мартин во моментов е ангажиран на проект на Програмата за развој на ООН и Регионалниот совет за соработка, во рамките на Берлинскиот процес посветен на поглавјето 24 – Слобода, безбедност и правда. Тој има повеќегодишно професионално искуство од проекти и истражувања поврзани со имплементацијата на правото на Европската Унија во Северна Македонија во областите на социјалната политика и вработувањето, како и правосудство и темелни права. Во периодот од една година, од октомври 2016, остварил студиско-работен престој во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија (EUIPO) во Аликанте, Шпанија. По основањето, во период од 10 месеци, почнувајќи од март 2019, бил ангажиран во проектната единица во Канцеларијата на главниот технички преговарач за пристапување во Европската Унија.

Мартин е еден од основачите на Институтот ПРЕСПА, а бил избран и за прв претседавач на Собранието на Институтот.