Мартин Галевски

Член на Управниот одбор

Мартин Галевски e член на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.

Магистерските студии од областа на образованието ги завршува на Универзитетот во Кембриџ, а докторските студии на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија. 

Мартин повеќе од десет години работи како истражувач и експерт од областа на образованието и развојот на човечки капитал. Блиску соработува со повеќе интернационални организации од областа, меѓу кои и Светска банка, Вестминстер фондација за демократија, УНДП, УНЕСКО, и други. Се јавува како автор на дваесетина научни студии со фокус на образованието и социо-политичкото учество кај младите. Како водечки експерт Мартин има работено на подготовка на повеќе стратешки документи во државата, меѓу кои и, Националната стратегија за млади 2023-2027 и Стратегијата за човечки капитал (2022-2030).

Мартин е член на Управниот одбор за мандатниот период 2023-2026.