Лура Положани

Членка на Управниот одбор

Лура Положани е членка на Извршниот одбор на Институтот ПРЕСПА.
Дипломирала меѓународни односи на Универзитетот во Малме, Шведска, додека со звање магистер на науки по европски студии: идеи и идентитети се стекнала на Лондонската школа за економија. Во 2022 година го одбранила својот докторат по право и политика на Универзитетот во Грац, Австрија.

Д-р Лура Положани е истражувачка на проектот H2020 Connekt на Универзитетот во Грац, кој ги истражува контекстите на насилниот екстремизам и радикализација на Балканот и во регионот МЕНА. Нејзините други истражувачки интереси вклучуваат граѓански практики во поделени општества, општествени движења и демократизација.
Лура претходно работеше како советничка на премиерот на Северна Македонија за соработка со меѓународни организации. Таа продолжи да работи за УНХЦР како надворешна експертка, а работеше како истражувачка на Универзитетот во Приштина, универзитетска асистентка во CSEES во Грац и проектна менаџерка за ECMI Косово.
Лура е членка на Извршниот одбор за мандатниот период 2023-2026 година.