Лепосава Огњаноска

надворешна соработничка и истражувачка

Докторанд на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломирала, а во 2016 година го одбранила магистерскиот труд на тема од поглавјето 23 и проширувањето.

Лепосава има професионално работно искуство од повеќе од 6 години. Има работено на повеќе меѓународни проекти во тинк-тенк организации поврзани со демократското управување и владеењето на правото. Во 2016 година била ангажирана како млад истражувач во рамките на TRAIN програмата спроведена од Германскиот совет за надворешни односи од Берлин. Таа има положено правосуден испит, како и значително искуство во областа на правосудството стекнато во јавно обвинителската служба во државата на предмети од организиран криминал и висока корупција.

Нејзино поле на истражувачки интерес е продлабочувањето и прелевањето на процесот на европска интеграција и заштитата на владеењето на правото во тој контекст, правосудството како област од поглавјето 23 од правото на Европската Унијата, политиката на проширување и особено политиката на условеност,  европеизацијата и трансформативната моќ на Унијата.

Лепосава е надворешна соработничка и истражувачка во Институт ПРЕСПА од декември 2020 година.