Кристијан Фидановски

надворешен соработник и истражувач

Докторанд во областа на социјалните политики на Универзитетот во Оксфорд, каде истражува дискурзивно врамување, финансиски обем и наталитетски ефекти кои произлегуваат од детските додатоци во некои држави на Балканот и во источна Европа. Покрај докторските студии, работи и како хонорарен истражувачки асистент кај проф. Тимоти Гартон Еш за очекувањата кои младите ги имаат од Европската унија.

Завршил додипломски студии во областа на политичките науки и источноевропските студии на Универзитетскиот колеџ Лондон во 2017, а потоа и постдипломски студии во истиот домен на Универзитетот Џорџтаун. Професионално, Кристијан има работено за Канцеларијата за транзициски иницијативи на УСАИД во Скопје, стажирано при Американската адвокатска комора во Вашингтон и предавано како гостински предавач при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

Има пишувано на англиски јазик за New Eastern Europe, Balkan Insight, Oxford Political Review, Quillette, The New Federalist и The Vostokian, но и на македонски јазик за Республика и Окно. Ко-автор е на две скорешни поглавја за митови и теории на заговор во Северна Македонија поврзани со пристапувањето во ЕУ при издавачката куќа Раутлеџ, а во склоп на Европската соработка за наука и технологија (COST). Негови истражувачки интереси се идентитетската политика, национализмот и изборните системи

Кристијан е надворешен соработник и истражувач во Институт ПРЕСПА од октомври 2021 година.