Ивана Јордановска

постара надворешна соработничка и истражувачка, претседателка на работната група на експертки за надворешна и безбедносна политика

Завршила дипломски студии по политички науки со специјализација во областа трансатлантски односи од Институтот за политички науки во Парис (Sciences Po), а потоа магистрирала надворешни односи на Универзитетот на Њујорк каде била стипендијант на програмата Фулбрајт.

Нејзиното професионално искуство вклучува работа за Вестминстер фондацијата за демократија и Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, каде што работела на темите парламентарен надзор и справување и спречување на насилниот екстремизам. Во периодот 2017-2018 Ивана била советник за соработка со меѓународни организации на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Нејзините истражувачки интереси вклучуваат трансатлантски односи, демократизација, соработка помеѓу авторитарни режими и родова еднаквост.

Ивана е постара надворешна соработничка и истражувачка во Институт ПРЕСПА од декември 2020 година.