Елмас Хасановиќ

надворешен соработник и истражувач

Дипломирал со највисоки почести криминологија на Факултетот за безбедност во Скопје, при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Завршил магистерски студии во Соединетите Држави на Државниот универзитет во Северна Каролина, како Фулбрајт стипендист, а специјализирал во областа на меѓународните односи и науката и политиката за неширење нуклеарно оружје.

Негов истражувачки и професионален интерес се владината политика и регулатива, меѓународната безбедност и контролата на оружјето, нуклеарното неширење, руското влијание и прокси активностите на Балканот и политичките и безбедносните околности на Балканот.

Во 2020 година, од Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје му била доделена Благодарница за придонесот за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО, вклучително и благодарница и НАТО плакета за придонесот на Инфо центарот.

Стажирал во Дјук Центарот за меѓународен развој (DCID) на Универзитетот Дјук и работилница за непролиферација на Националната лабораторија Оук Риџ во Тенеси, САД. Член е на алумни мрежата на Џорџ К. Маршал, мрежата Фулбрајт, мрежата на млади лидери на Џон Мекејн и на Младинската мрежа за европска демократија (EDYN).

Елмас е надворешен соработник и истражувач во Институт ПРЕСПА од октомври 2021 година.