Дона Костуранова

член надвор од составот на Собранието

Дона Костуранова е членка на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.

Дипломирала на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во Скопје.

Дона во моментот работи како програмски менаџер во Вестминстер фондацијата за демократија. Таа има повеќе од десет години професионално искуство во граѓанскиот сектор активистка за младинско вклучување и политики, демократизација и борба против корупцијата, како и членка и активистка на Младинскиот образовен форум. Во МОФ, во период од пет години била претседателка на организацијата, а потоа од 2014 до 2018 и извршна директорка. Како претседателка на МОФ била ко-основач на Радио МОФ. Таа е еден од основачите на Националниот младински совет на Македонија, чадор организација на младинските организации во земјата и негова прва потпретседателка. Дона има работено на повеќе застапувачки иницијативи во областа на младите, образованието и граѓанското општество во земјата, како и Берлинскиот процес и иницијативата за воспоставување на Регионалната младинска канцеларија за Западен Балкан (РИКО). Таа е алумни на програмите EUVP на Европската Унија во 2019 и IVLP на Американскиот Стејт департмент во 2018.  

Дона е членка на Управниот одбор за мандатниот период 2020-2023.