Диана Жупаноска

Постара надворешна соработничка и истражувачка и поранешна претседателка на Управниот одбор (2019-2020)

Завршила додипломски студии на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а потоа и магистерски студии по право на Европската Унија на Институтот Европа при Универзитетот во Зарланд. Во 2012 година го положила и правосудниот испит.

Диана има повеќе од десет години професионално искуство во правосудството и во граѓанскиот сектор, а стекнала и значително истражувачко искуство преку учеството во повеќе проекти во областите реформа на јавната администрација, темелни права и демократизација.

Во периодот од ноември 2019 до август 2020 година, Диана беше претседателка на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.

Диана е надворешна соработничка и постара истражувачка во Институт ПРЕСПА од август 2020 година.