Дарко Ѓорѓиоски

асистент истражувач

Завршил додипломски студии на Институтот за политички науки при Универзитетот во Виена, каде што моментално е на постдипломски студии.

Во периодот септември-декември 2022 стажирал на Австрискиот институт за европска и безбедносна политика, а во периодот 2020-2021 во Институтот ПРЕСПА. Неговиот истражувачки интерес ги вклучува Евро-атлантското безбедносно поврзување и НАТО и Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија.

Дарко е асистент истражувач во Институтот ПРЕСПА од јуни 2022 година.