#CARGrow Talks Episode 3

Smart Growth: Competitive Economy in the Digital Era

Добредојдовте во третата епизода од серијалот поткасти за Планот за пораст и Реформската агенда. Серијалот е дел од проектот Граѓанска алијанса за реформи и пораст кој го спроведува Институтот ПРЕСПА со финансиска поддршка на Одделот за надворешни работи од Владата на Република Ирска. Денес зборуваме за паметен раст – како економските и дигиталните реформи може да создадат поконкурентна, поефикасна и поинклузивна економија. Наша соговорничка е Анета Пешева, извршна директорка на Ултра и претседателка на управниот одбор на МАСИТ.