Весна Шапкоски

членка на работната група

Весна Шапкоски, членка на работната група на експертки за надворешна и безбедносна
политика Докторанд на Универзитет Св. Климент Охридски Битола – Правен факултет, на програмата Меѓународно право и меѓународна политика. На овој факултет ги има завршено своите додипломски и постидпломски студии каде се стекнува со звање дипломиран правник на
потоа и магистер на правни науки.

Нејзиното професионално искуство вклучува професионален ангажман во граѓанскиот сектор во областите човекови права и пристап до правда, владеење на право и унапредување на демократските процеси, активно и непрекинато од почетокот на 2016 година. Од 2019 година е основач и извршна директорка на Здружение СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп, кое работи на правно зајакнување и пристап до правда, како и поттикнување на демократските процеси на локално
и национално ниво.

Нејзините истражувачки интереси вклучуваат надворешно пилитички односни на Европската Унија, Кина и нејзината улога и место во надворешно-политичките односи, влијанието на Кина и другите фактори од Исток во регионот на ЦЕЕ и Западен Балкан, како и заштита и унапредување на човековите права.