РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ПОД ЛУПА: Прв Ex Post мониторинг извештај – Јануари 2026

Првиот ex-post Мониторинг извештај на CARGrow за спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027 (јануари 2026) дава структурирана проценка на 39 реформски чекори со рокови до декември 2025 година, директно поврзани со исплатите во рамки на Планот за раст на ЕУ и Инструментот за реформи и раст во вкупен износ од приближно 183 милиони евра.

Анализата излегува надвор од рамката на рано предупредување и го оценува фактичкото ниво на имплементација, институционалната функционалност и оперативната подготвеност на усвоените мерки. Од вкупно оценетите чекори, само пет се целосно исполнети, што кореспондира со приближно 28–29 милиони евра кои може разумно да се очекуваат врз основа на целосна усогласеност. Останатите средства зависат од делумна имплементација, дополнителна верификација од Европската комисија или финализирање во рамки на предвидените грејс периоди.

Извештајот укажува на потребата од премин од формален законодавен напредок кон мерливи, проверливи и оперативни реформски резултати во текот на 2026 година, бидејќи кредибилитетот и финансиските импликации на Реформската агенда сè повеќе ќе зависат од практичната примена, а не само од нормативната усогласеност.