Legal Certainty, Rule of Law and Good Governance
Добредојдовте во втората епизода од серијалот поткасти за Планот за пораст и Реформската агенда. Серијалот е дел од проектот Граѓанска алијанса за реформи и пораст кој го спроведува Институтот ПРЕСПА со финансиска поддршка на Одделот за надворешни работи од Владата на Република Ирска. Денес зборуваме за тоа како реформите во судството и јавната администрација можат да изградат посигурен правен поредок и поодговорни институции. Денешен соговорник е проф. д-р Денис Прешова, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје.