За нас

Институтот ПРЕСПА е независен тинк-тенк со седиште во Скопје, Северна Македонија, посветен на проучување, истражување и анализа на меѓународните односи и надворешната политика, како и на европските прашања и европеизацијата. Институтот се стреми да промовира знаења за актуелната состојба во Северна Македонија и Западен Балкан и да учествува во дебатата и генерирањето идеи на европско ниво.

Институтот има млад и динамичен тим од висококвалификувани и искусни аналитичари и широка мрежа на надворешни соработници и експерти. Исто така, ПРЕСПА, смета на учеството на други личности од јавниот живот поврзани со меѓународните односи и надворешната политика, како и со европските прашања и европеизацијата, економските и деловните заедници, јавната администрација и академскиот, културниот и социјалниот сектор.

Основан како здружение на граѓани, од група убедени Европејци, организациската структура на Институтот ПРЕСПА ги балансира јавните и приватните интереси и ја поттикнува размената на идеи во плурална и независна средина, обезбедувајќи простор за различни политички и социјални погледи. Нејзиното највисоко раководно тело е Управниот одбор, кој ги собира не само членовите на здружението, туку и други истакнати личности од јавниот живот во Северна Македонија.

Работата на Институтот се појавува во форма на широк спектар на публикации и извештаи, како и во форми на јавни настани организирани како обуки, курсеви, семинари, работилници, тркалезни маси итн. Истражувањето на Институтот ПРЕСПА е структурирано според тематски и географски линии.

ИМЕТО

Името, Институт ПРЕСПА доаѓа од Договорот од Преспа , или Конечниот договор за решавање на разликите како што е опишано во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, раскинувањето на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на Стратешко партнерство меѓу страните , потпишано на 17 јуни 2018 година во селото Псарадес, Грција, значењето што го има за Северна Македонија и политиките на кои ќе се фокусира институтот, како и нивното влијание врз нашата земја, Западен Балкан и пошироко врз Европа.

ТИМОТ

Тимот на Институтот ПРЕСПА е составен од група убедени Европејци кои сите заедно имаат повеќедецениско искуство во меѓународни односи и надворешна политика, и европски прашања и европеизација, развој на јавни политики, истражувања, мониторинг и застапување, обука и градење на капацитети, комуникации, финансиски и проектен менаџмент, како и развој на граѓанското општество.

ВИЗИЈАТА

Длабински истражувања кои водат до нови идеи за решенија на проблемите и нови политики на локално, национално и регионално ниво.

МИСИЈАТА

Динамична група аналитичари и истражувачи кои спроведуваат длабински истражувања за меѓународни и европски прашања кои влијаат на процесите и активностите на донесување одлуки и придонесуваат за европеизација на Северна Македонија и Западен Балкан.

ЦЕЛИ И СРЕДСТВА

Целите на Институтот ПРЕСПА се:

  • Да биде независен истражувачки центар, без партиска агенда, способен да влијае на размислувањето и политичкото дејствување од рамките на својата локална реалност;
  • Да биде корисна референтна точка во Скопје, Северна Македонија и Западен Балкан за луѓе, институции и компании активни на терен или заинтересирани да бидат тоа, и референтна точка во однос на истражувања, документација и публикации специјализирани за меѓународни односи и надворешна политика, европски прашања и европеизација;
  • Да биде влијателен актер во развојот на меѓународните односи на локалните самоуправи, Владата на Северна Македонија и оние на државите од Западен Балкан и на Европската Унија;
  • Да биде организација поврзана на регионално и европско ниво – со други водечки институти во областа, како и организација која учествува во дебатата на европско ниво како извор на почитувано знаење и мислење;
  • Да биде инструмент за меѓународните односи и алатка за ширење на информации за јавните политики кои ги засегаат обичните граѓани, со што ќе придонесе за демократијата, безбедноста, стабилноста, слободата и солидарноста низ Западен Балкан.

Институтот ПРЕСПА ќе ги постигне своите цели преку:

  • Истражувања, анализа и предлагање алтернативни решенија, врз основа на податоци од соодветните полиња на дејствување, како и воспоставување на различни бази на податоци преку своето истражување или документација;
  • Олеснување на развојот на јавни политики засновани на докази и разбирање на меѓународната активна соработка, како и преку создавање на поволна средина за развој на граѓанското општество и вмрежување со други граѓански организации насочени кон развој на граѓанското општество и регионална соработка;
  • Организирање и спроведување на обуки, курсеви, семинари, работилници, тркалезни маси и други облици на настава, како и кампањи, промоции и други форми на дејствување.

ПРОГРАМСКИ ПРИОРИТЕТИ

  1. Да придонесе кон подобрување на разбирањето и да претстави како глобализацијата влијае на моделите на соработка на Северна Македонија преку мерење на економските, политичките и симболичките/културните модели на размена меѓу различни актери во контекст на глобализацијата.
  2. Да придонесе кон подобрување на разбирањето и да претстави како развојот на процесот на пристапување во ЕУ влијае врз моделите и перцепцијата на граѓаните на Северна Македонија преку анализа на фактичката промена и ефектот што таа го има.
  3. Да придонесе во изградбата на капацитетите на граѓанското општество и на институциите и другите заинтересирани страни за прашања поврзани со ЕУ, јавните политики и креирањето јавни политики, како и за застапување, вмрежување, стратешко планирање и организациски развој.
  4. Да придонесе кон регионалната соработка и поврзувањето во Западен Балкан, како и да учествува во дебатата за Иднината на Европа и генерирањето идеи на европско ниво.
  5. Да придонесе кон олеснувањето на билатералната соработка помеѓу граѓанските општества од Северна Македонија и Грција и кон разбирањето на стереотипите преку мерење на трендовите на перцепциите, со што ефикасно ќе ја следи имплементацијата на Договорот од Преспа.

Институтот ПРЕСПА ќе ги спроведе наведените програмски приоритети со преземање на следните активности:

  1. Мерење на економските, политичките и симболичките/културните модели на размена меѓу различни актери, со што се мери присуството како ефективно позиционирање, во апсолутна смисла.
  2. Утврдување на квантитетот на присуството на една земја и неговата природа и воспоставување цврста основа за мерење колку тоа присуство се користи за стекнување влијание.
  3. Мерење на трендовите на перцепција и стереотипи во контекст на глобализацијата и воспоставување вредности на само-перцепција, надворешна перцепција и внатрешна перцепција.
  4. Мерење на економските и политичките промени, како и функционалноста во контекст на пристапувањето во ЕУ преку мерливи и објективни индикатори.
  5. Утврдување на врската помеѓу спроведените реформи и подобрувањето на животот на луѓето преку квантитативни индикатори.
  6. Утврдување на разликите што ќе го создаде усогласувањето во однос на правните инструменти и спроведувањето, како и проценка на институционалниот капацитет и финансирање преку анализа на недостатоците.
  7. Мерење на трендовите на перцепција и стереотипи во контекст на пристапувањето во ЕУ и во однос на квалитетот на реформите и нивното влијание врз квалитетот на животот на луѓето .
  8. Развивање алатки за поддршка на мониторингот на реформскиот процес и пристапувањето во ЕУ и овозможување учество на јавноста во креирањето политики и во преговорите за пристапување.
  9. Развивање алатки и програми за обука за поддршка во развој на вештини и градење капацитети за европеизација.