Имиџ и реалност – Северна Македонија 2020

„Имиџ и реалност – Северна Македонија 2020“ е извештај од истражувањето за имиџот на Северна Македонија кое ја анализира нормативната рамка за политиките и процесите во однос на политичкиот критериум и поглавјето 23 – Правосудство и темелни права.

Автори на анализата се Лепосава Огњаноска, надворешна соработничка и постара истражувачка од Институт ПРЕСПА, Симона Трајковска и Андреја Стојковски, постар истражувач и извршен директор во Институт ПРЕСПА.