Управен Одбор

Мандатен период 2020-2023

Митко Севриевски, претседател

Митко Севриевски е претседател на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.

Дипломирал на Европскиот универзитет во Скопје.

Митко во моментот работи како проектен координатор на меѓу-граничен проект со Република Грција во областа на здравствената заштита. Тој има речиси петнаесет годишно работно искуство во канцелариско и проектно работење, како менаџер за логистика и  финансиски менаџмент за непрофитни организации.

Митко е еден од основачите на Институт ПРЕСПА и член на Управниот одбор од ноември 2019 година. Во август 2020 година бил реизбран за член и претседател на Одборот во мандатниот период 2020-2023.

Дона Костуранова, член надвор од составот на Собранието

Дона Костуранова е членка на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.

Дипломирала на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во Скопје.

Дона во моментот работи како програмски менаџер во Вестминстер фондацијата за демократија. Таа има повеќе од десет години професионално искуство во граѓанскиот сектор активистка за младинско вклучување и политики, демократизација и борба против корупцијата, како и членка и активистка на Младинскиот образовен форум. Во МОФ, во период од пет години била претседателка на организацијата, а потоа од 2014 до 2018 и извршна директорка. Како претседателка на МОФ била ко-основач на Радио МОФ. Таа е еден од основачите на Националниот младински совет на Македонија, чадор организација на младинските организации во земјата и негова прва потпретседателка. Дона има работено на повеќе застапувачки иницијативи во областа на младите, образованието и граѓанското општество во земјата, како и Берлинскиот процес и иницијативата за воспоставување на Регионалната младинска канцеларија за Западен Балкан (РИКО). Таа е алумни на програмите EUVP на Европската Унија во 2019 и IVLP на Американскиот Стејт департмент во 2018.  

Дона е членка на Управниот одбор за мандатниот период 2020-2023.

Тони Масевски, член

Тони Масевски е член на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а магистрирал на Котруљи Бизнис школата во Загреб.

Во моментов Тони работи како деловен консултант и сопственик на консултантската фирма „Три Маркс Контрол“ од Скопје. Работејќи во корпоративно банкарство, приватниот сектор, како и локалната самоуправа се стекнал со различни вештини и знаења, а изградил и дваесет годишна кариера. Воедно, Тони има  дваесет и пет годишно искуство во граѓанскиот сектор, почнувајќи од Националниот сојуз на студенти, Европска куќа Скопје и Спортски центар Скопје.     

Тони е еден од основачите на Институт ПРЕСПА и член на Управниот одбор од ноември 2019 година. Во август 2020 година е реизбран за член на Одборот во мандатниот период 2020-2023.

Ида Протуѓер, член надвор од составот на Собранието

Ида Протугер Вељковиќ е членка на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.

Дипломирала психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. 

Ида има повеќе од 20 години кариера во новинарството, главно на уреднички позиции во повеќе електронски и печатени медиуми. Кариерата ја почнува во агенцијата МИА, а потоа работи и во Канал 5, Дневник, Алфа ТВ и неделникот Граѓански. Таа е активен учесник и во граѓанското општество, со ангажман за демократизација на општеството и унапредување на човековите права. Учествувала во процесот за демократизација на Здружението на новинарите и била претседател на Етичкиот комитет при ЗНМ. Како ко-автор учествувала во изданијата „Црниот понеделник“ и „Што е груевизам“. Во 2015 година се сели во Виена, Австрија каде се дообразува и сега работи како сертифициран тренер за личен развој и за системски развој на организации и компании.

Ида е членка на Управниот одбор за мандатниот период 2020-2023.

Владимир Мирчески, член надвор од составот на Собранието

Владимир Мирчески е член на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.

Дипломирал на студиите по новинарство на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Владимир зад себе има повеќе од 20 години новинарска кариера. Професијата ја започнал во пишаните медиуми во средината на 1990-тите, за по кус период да се префрли во телевизиско новинарство. Бил дел од тимовите на надворешно-политичките редакции во некои од највлијателните национални телевизии во државата. Во периодот 1998-1999 и потоа повторно од 2002 до 2003 бил дел од тимот на А1 ТВ. Додека, од 2000 до 2002 и повторно од 2003 до 2009 бил дел од тимот на Канал 5 ТВ. Поминал четири години (2009-2013) како дел од тимот на ТВ Алфа, а бил една година и дел од порталот Либертас (2013-2014).

Од 2014 година е дел од емисијата „360 Степени“ што се емитува на ТВ Алсат, а од 2016 година е дописник на Гласот на Америка на македонски јазик.

Владимир е член на Управниот одбор за мандатниот период 2020-2023.

Поранешни членови

Диана Жупаноска, претседател (2019-2020)

Бети Деловска, член (2019-2020)

Христена Антовска-Јованчева, член надовор од составот на Собранието (2019-2020)