ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ



Институт ПРЕСПА, ве поканува да доставите понуда за теренско истражување на јавното мислење за последиците од корона вирусот врз пазарот на труд во Северна Македонија.

Истражувањето треба да биде спроведено според методологијата на телефонско интервју на репрезентативен примерок од 1000 испитаници според унифициран прашалник. Прашалникот за истражувањето ќе биде развиен од експертите на Институт ПРЕСПА, а времетраењето на едно интервју ќе биде 15 минути. Во рамките на прашалникот ќе бидат утврдени редовни прашања, како и демографски прашања.

Сите заинтересирани можат да го побараат целосното барање на адресата за е-пошта: contact@prespa-institute.mk. Во заглавието на електронскиот допис треба да стои: БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ– ИП-КОВИД19-ТРУД.

Понудите треба да бидат доставени до 04 септември 2020 година, а најдоцна до 16.30 часот.