ПРЕСПА ИНСТИТУТ
Нашите вредности и цели
За нас
ПРЕСПА Институт е независен тинк-танк центар основан на идејата дека креирањето на политики базирани на истражувања е од суштинско значење за благосостојбата и просперитетот на општествата. Основан во Скопје 2019 година, ПРЕСПА Институт спроведува истражувачки и развојни проекти, специјализирани во областа на меѓународните работи и надворешната политика, како и во областа на европски прашања и европеизација. Институтот е посветен на проучување, истражување и анализа, како и промоција на знаења за моменталната состојба во Северна Македонија и Западен Балкан.