ПРЕСПА
ИНСТИТУТ

Име
Името, Институт ПРЕСПА доаѓа од Договорот од Преспа , или Конечниот договор за решавање на разликите како што е опишано во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, раскинувањето на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на Стратешко партнерство меѓу страните , потпишано на 17 јуни 2018 година во селото Псарадес, Грција, значењето што го има за Северна Македонија и политиките на кои ќе се фокусира институтот, како и нивното влијание врз нашата земја, Западен Балкан и пошироко врз Европа.
Визија
Длабински истражувања кои водат до нови идеи за решенија на проблемите и нови политики на локално, национално и регионално ниво.
Мисија
Динамична група аналитичари и истражувачи кои спроведуваат длабински истражувања за меѓународни и европски прашања кои влијаат на процесите и активностите на донесување одлуки и придонесуваат за европеизација на Северна Македонија и Западен Балкан.

Последни објави

Обработени се 519.354 објави од 11.721 уникатни корисници (бројот на корисници се зголемува од почетниот број бидејќи ги преземаме и нивните ретвити, цитати и одговори на објавите). Објавите подлежат најпрвин на основно пречистување на текстот (исфрлање на линкови, емотикони, хаштагови и слично), а потоа преку употреба на машинско учење и процесирање на природни јазици, ги бараме скриените (латентни) теми на секоја објава.
Вчера го претставивме #3I_Index на јавноста. Тоа е првиот Индекс кој го мери, утврдува и подредува присуството на 24 странски држави во Северна Македонија. Според наодите: „Расте политичкото присуство на Бугарија во Македонија“.
Наодите од нашето истражување за #3I_Index, како и #ImageObservatory2020 во однос на присуството на Бугарија, договорот за добрососедство и билатералните односи помеѓу нашите држави, како и неколку заклучни согледување во очекување на Советот за општи работи закажан за 10 ноември 2020 година.
Наодите од истражувањето #ImageObservatory2020 за ставовите на граѓаните во врска со Договорот за добрососедство со Бугарија, како и ставовите и стереотипите што нашите граѓани ги имаат за Бугарија и односите меѓу двете држави беа тема на дискусијата во последната емисија 360 stepeni на 02 октомври 2020.
„Ако треба да ја разгледуваме само Северна Македонија, тогаш според јазикот кој го користи ова е умерено позитивен извештај, но според успесите за кои говори - тоа е еден од подобрите извештаи кои како држава сме ги добиле од Европската комисија“, Andreja Stojkovski од Prespa Institute за извештајот на Европската комисија објавен вчера.

Најнов подкаст

#PoliticalReport 001 with Demijan Hadzi-Angelkovski